Technology

Џони Штулић - Чарлијање

Џони Штулић е еден од поголемите музичари во Југославија, кој на почетокот на 9о_те одлучи да се повлече од јавноста разочаран од збиднувањата во поранешната заедничка држава. Вечниот Дон Кихотовец кој упорно одбиваше милионски суми да ја собере Азра и да одржи концерти, веќе 30 години живее повлечено во Холандија и нема издадено ништо музичко скоро од 1995 година. Чат пат ќе објави нешто на својот Јутјуб канал и тоа е се. Последното што го има објавено на тој канал е Чарлијање, неколку кавер верзии на стари хитови. Предхониот таков проект беше Одеон каде што можете да слушнете и неколку обработки на Македонски песни. Дали ова Јутјублијање е добро барем малку на она што го правеше оној стар Џони Штулић проценете сами.

(Кликни на YouTube на видеото)

Чарлијање


Одеон


Џони Штулић - Чарлијање Џони Штулић - Чарлијање Reviewed by Skopski Solidarec on јун 30, 2018 Rating: 5

Нема коментара

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)